Сон на секое девојче е еден ден да го најде својот принц. Уште во најраното детство, бајките ја наметнаа таа желба во моето срце. И замислете... Ми се оствари.
Но не на начинот на кој мислев. Мојот најголем сон се претвори во најстрашниот кошмар некогаш доживеан.
Како нему му ја доделив титулата принц не знам ни сама.
Тој не беше принц, туку само една жаба во низата. Ја бакнав таа крастава жаба скриена под речиси совршена маска. Мислев дека добив златна круна, а тоа всушност беше венец од коприви. Ме изгоре и си замина.
Но вртам нов лист. Веќе нема да бакнувам жаби. Ќе го чекам вистинскиот. Можеби и до крајот на мојот живот. Знам дека еден ден ќе бидам нечија принцеза. А дотогаш ќе си останам кралица на слободата
. 
Ова ми се допадна. Пофалби до тебе и до твојот блог. :)
ReplyDelete