Во текот на целиот мој живот барав посебни личности кои ќе се истакнуваат во толпата.
Со маки ги наоѓав, но потоа грижливо ги чував. Со некои од нив толку се приврзав што ја ставав нивната благосостојба пред мојата. Некои се покажаа достојни, некои не. Тие беа бисерите во мојот живот. Внимателно ги нижев околу вратот. Им давав полно право да ме задушат, но потајно во себе верував дека нема да го направат тоа. Згрешив, си признавам.
Полека забележував дека бисерите го губат сјајот, а јас не можев да направам ништо за да го спречам тоа. Едноставно така морало да биде. Веќе немаа никаква корист од мене, па едноставно решија да го затегнат обрачот и да го прекинат мојот живот. Јас сум виновна. Им дозволив да ме уништат. Бисерите се претворија во камења, а јас.. Јас се претворив во некој дијамант, кој едноставно зрачи со својата убавина. Неговиот сјај ги засени бисерите. И така веќе не вредат, нека и се радуваат на каменестата структура. Потполно ја заслужуваат. Дијамантот нека го има само оној кој е достоен за него.

No comments:
Post a Comment