Немам пријатели. Немам семејство. Немам партнер. Немам ни една светла точка која би го украсила мојов живот. Луѓето кои своеволно си ја залепија етикетата "пријатели" се секогаш околу мене.. Чекаат да ме видат како паѓам од врвот. Луѓето кои своеволно си ја залепија етикетата "семејство" ме гледаат еднаш во две години, со цел да изнудат повеќе пари. Луѓето кои своеволно си ја залепија етикетата "мој партнер" едвај една вечер издржуваат со мене. Замислете, немам ни едно милениче кои би ми го стоплило животот. Сум била до крајот на светот, а се би дала да поминам еден викенд со некој вистински пријател во нашиов скромен Дојран. Сум јадела во најскапите ресторани, а се би дала за една топла семејна вечера. Сум искористила безброј телефони, а верувај и животот би го дала за само еден повик од саканиот, со кој би ми посакал едно тивко Добро утро. Копнеам по најскапите работи, кои за жал овие евтини луѓе не можат да ми ги подарат. И кога ќе излезам од дома, не го покажувам моето тежнеење кон било каков вид љубов. Ќе изглумам среќен живот и уште еднаш ќе повторам колку многу го сакам светов. Тој што вреди, ќе ги препознае моите солзи скриени под насмевката.

No comments:
Post a Comment