Пред многу години те запознав. Не знам како пристигна токму овде, но секогаш кога ќе погледев ти беше во близина. Не можам да ти подарам пари или отмено друштво. Единствено можам да ти дадам чисто срце полно со безрезервна љубов. Ако не го сакаш, не мораш да го земеш. Ќе сретнуваш поубави и попаметни девојки. Не барам од тебе да бидеш со мене наместо со нив. Во ред е. Знам дека не сум достојна за пристоен живот со тебе. Ти си гламурозен. Секоја девојка потајно се надева дека еден ден ќе биде твоја. Најпосакуваните се нудат на послужавник. А јас... Јас сум никој и ништо. Немам совршена фризура ниту пак некое привлечно тело. Немам богат социјален живот. Нема никаков живот всушност, за разлика од тебе.Ти посакувам среќа во секое поле на животот. Ако си ти среќен, тогаш сум и јас. Толку многу те сакам, што не чувствувам потреба да бидам сакана од твоја страна. На шишето полно со мојата љубов, ќе залепам една обична етикета: "Донесено со виорот". А дали ќе го променам во "Однесено".. За тоа ти одлучи.

No comments:
Post a Comment