Злато, дијаманти, бисери и пари.. Најдобрите пријатели на еден човек. Овозможуваат престиж, гламур, статус... Но, не и љубов. Уште од мали нозе бев фасцинирана од скапоцените нешта. Наместо со барбики, јас си играв со бисерните обетки на мојата мајка. Често беше бесна на мене, велејќи ми дека скапоценостите не се предмети наменети за игра. Тврдоглава сум уште од мала. Никогаш не ја послушав во врска со овој случај. И горда сум на тоа. Годините одминуваа. Дојде време и мојот врат да го украсам со дијамантски накит. Блескам. Не поради драгоцените камења, туку поради интелегенцијата, ставот и шармот кој го поседувам. Ги терам луѓето да паѓаат на колена пред мене. Со својот карактер и убавина, можам да манипулирам со кого и да посакам. Го запознав него.Мултимилијардер. И материјално и духовно. Покрај него се чувствувам неверојатно силна а воедно ранлива. Добивам разни подароци од него. Некогаш букет божури, некогаш дијаманти, некогаш пакетче од омилените macarons. Единствено дијамантите кои самата си ги купив, изгледаат подобро од ние кои тој ми ги подари. Таква сум јас. Моќна. Но со него сум непобедлива. Знае што сакам. Ми ги чита мислите. Заедно владееме со светот. Совршено се надополнуваме. Од што и да се направени срцата, моето и неговото се исти. Тој е тој. Тој е мојот чесен крадец, кој ме натера своеволно да му го подарам срцето. Никогаш не зажалив за стореното.

No comments:
Post a Comment