Мистични букети наменети за оние што животот си го уништуваат со секој следен здив

Sunday, June 30, 2013

Прв поглед

Недела наутро. Ден резервиран за убав појадок. Ах, ако мислиш дека ова е уште една приказна за мрзeливо утро, преиспитај се. Во мојот свет, појадокот претставува цела церемонија проследена со шампањ и дрес код. Стотици соработници, роднини, пријатели... и непријатели на едно место. Само што пристигнав. Внатре забележав висок и убаво облечен господин. Ми се приближи, а јас се здрвив. Во себе се молев да не направам некоја глупост. 
,,Сама сте?"
,,Молам?! Од каде ви е таа храброст?" - затреперив кога му го слушнав гласот. 
,,Ми се допаѓате." 
Е ова беше премногу за моите уши. Арогантен вообразенко, мисли дека може да ја има секоја дама која ќе ја посака. Не знаев што да му кажам. Од една страна ми се допаѓаше неговата брутална искреност, но сепак... 
,,Вие ова на секоја дама и го велите? Не повторно да паднам на клишеа."
,,Не ја кажувам таа фраза на секој што ќе го видам. Само на таа што ми оставила посебен впечаток. Инаку, некој ве повредил па зборувате така?" 
,,Ох, навистина? А како ви оставив впечаток кога имате разменето со мене неколку збора? Судите по изгледот?"
,, Во очите се гледа каква душа има човекот. Добро ги проценувам луѓето."
,,Јас за жал немам таков талент. Затоа научив сама да се штитам."
,,Можеби би дозволиле странец да се погрижи за вас...?"
,,За тоа ќе видиме на првиот состанок..."
Се насмевна. Тоа беше одговорот кој го очекувал. Симпатичен е. Има голема самодоверба, не се плаши да го каже она што го мисли. Ништо слично како претходните.Му закажав состанок точно за една седмица, на истото место. Целата сала зјапаше во нас. Што е толку чудно? Толку сме интересни? Оние кучките цело време го гледаат. Јас му се допаѓам, во ред?! Вие нема да добиете ништо. Време е да си одам. Се упатив кон излезот
Високите потпетици му даваат грациозност на мојот од. Господинот се врти по мене. Ми годи вниманието и почитта. Веќе размислувам што ќе се случи следниот пат.. Љубов на прв поглед или можеби само симпатија..? 



Дамка

Уште една ноќ е на прагот. Седам сама на балконот од вилата. Водата од фонтаната во дворот жубори, ја нарушува речиси совршената тиши. Долу се е празно. Мируваат и дрвјата,и водата од базенот.. Веќе и миленикот заспал во својата куќичка. Единствено јас сум будна, заедно со чашата црвено вино. Го пијам и последното шише кое некогаш ми го подари тој. Дојде на вечераво мојот дом пред многу години, тоа беше неговиот подарок. Не знам зошто баш денес го отворив долгочуваниот спомен. Пробувајќи да ја дополнам чаша, дел од виното се истури врз мојот фустан. Се создаде дамка, за која знаев дека не може да биде отстранета. Баш како што тој остави белег врз моето срце. Некогаш во ова време од ноќна бев со него... Безгрижна, среќна, исполнета. А сега нема ништо од тоа. Сите мои празнини се исполнети со самотија и очај. Се давам во сопствената неспособност повторно да љубам. Повторно да бакнам нечии усни со полно срце. Се што ми остана од невозможната љубов се скршено срце, немоќ и една обична дамка врз белиот фустан. 

Thursday, June 27, 2013

Добрите нешта

Како мала бев силно поврзана со мојот дедо. Тој беше мојот херој, човек на кој знаев дека секогаш ќе можам да се потпрам. Неговата прегратка беше налик иста како и сите друго, но само јас знаев дека не е така. Низ насмевка ми велеше дека секогаш ќе ме чува од лошите луѓе. Еден ден пред да почине, размислував колку ќе ми беше пуст животот без него. Тој ја вроди во мене љубовта кон литературата, музиката и авијацијата. Следното утро дознав дека починал. Одеднаш целиот живот се урна пред мене. Еден обичен инфаркт го оддели од мене. Поминаа многу години. Може да се каже дека малку пораснав, почнав да ги гледам работите од друга перспектива. Тој се' уште живее, во мене и насекаде околу мене. И секогаш кога ќе погледнав во небото ќе здогледам некој бел гулаб, кој ме потсетува на мојот дедо. И тој некогаш бил таков - бестрашен пилот изгубен во небесните пространства. Некогаш бил многу,многу слободен. Добрите нешта еден ден мора да исчезнат, за на нивно место да дојдат уште подобри. Сепак, никогаш не ги заборавив оние добри нешта кои ми овозможија сега да се чувствувам како владетел на светот. 

Посветено на најдобриот дедо кој некогаш постоел. 


Wednesday, June 26, 2013

Среќни краеви

Знаеш мило, не е се така розово во животот. Многу пати ќе бидеш повредувана од различни фактори. Ќе се најдат луѓе кои ќе ти ги уништат сите соништа со еден потег. Секогаш ќе има некој кој е подобар и попривлечен од тебе. Ќе бакнеш многу жаби додека да го најдеш принцот, а кога ќе го најдеш ќе сфатиш дека тоа не е она што го сакаш. Ќе изградиш кариера, но ќе те турнат посилните. Така е тоа во животот, само најсилните успеваат. Ние смртници не живееме, само преживуваме. Тежок е животот меѓу четири ѕида, кога знаеш дека некој живее во палата илјада пати поголема од твоето аголче на крајот од уллицата. Лошо е чувството да го гледаш оној кој го сакаш како сака друга личност. Срцето ќе ти се скрши на многу парчиња, злато. Но, мораш да научиш да живееш со болката. Така е насекаде околу нас, не демнее. Го чека најдобриот момент за да нападне. Опасна е таа, но може да ја победиш. Знам дека го можеш ти тоа. Посилна си одколку што мислиш. Сите сме. Жалам што мене немаше кој да ми го каже ова. Сега ја плаќам цената на мојата ранливост и недоволна желба за успех, но не ти го посакувам тоа. Биди девојка на која другите ќе и се восхитуваат. Чекори низ пеколот со крената глава и насмевка на лицето, дури и кога си тажна. Знај малечка, среќните краеви се ретки но возможни. Само верувај во сопствените капацитети и ќе успееш. 

Monday, June 24, 2013

Империјата на срцето

Се заљубив во него уште кога за прв пат го видов. Горделив сноб. Не дозволува да му го згазиш егото. Малечката вештерка се заљуби во својата копија. Поминаа пет години од нашата прва средба. Потајно знаев дека и тој ги разгорува истите чувства во себе како и јас. Но, никој од нас  не се осмели да признае. Два збора, седум букви и слатка горчина во грлото пропратена со лебдење во стомакот. За овие пет години, се чувствував очајно. Врескав во себе, а бев совршено тивка за другите. Чудото се случи по толку долго исчекување. Го сретнав на една забава кај заеднички пријател. Јас, тој и базен. Имаше и други гости, но во тој момент не постоеја. Пробував да ја изладам желбата за неговите усни со чаша мартини. Седнав покрај шанкот,целосно мокра од водата во базенот. Пристигна тој. Дрско седна до мене, не прашувајќи ништо. Арогантен безобразник, но сепак има нешто специјално во него. Тој поглед, таа насмевка.. Ветува забавен живот. Бев замислена и ослепена од желба за него. Во еден момент се сврте кон мене и страсно ме бакна. Мислам дека пеперутките во стомакот прераснаа во змејови кои исфрлаат оган во мојата утроба. Се бакнувавме долго, не обрнувајќи внимание на околината. Нагло ме подигна од столот, и ме однесе повторно во базенот. Пробував да се смирам, но ни ледената вода не помагаше. Горев од желба засекогаш да останам во неговите прегратки, осипувана со бакнежи. Веќе не ме интересираше ништо, ниту најновите колекции на светските дизајнери, ниту буџетскиот дефицит на Никарагва. Не знаев дали сум луда или вљубена. Единствено неговиот бакнеж повторно ме натера да му се препуштам на моментот. Одеднаш се одвои од мене. Потоа повторно се доближи и заводливо ми ги шепна тие волшебни два збора. Да ми ги кажеше тие зборови пред пет години, веројатно никогаш немаше да чувствувам толкава желба да бидам со него. Дистанцата не' направи посилни и ни дозволи да се љубиме повеќе од сите. Империјата на срцето сепак ја надмина онаа на гордоста.. 

Нејзиниот подем

Некогаш беше мека како памук, а сега е тврда како челик. 
Некогаш беше трпелива, веќе не. 
Некогаш се обидуваше за им угоди на сите, сега живее за себе. 
Некогаш не се грижеше за парите, сега тие се нејзина преокупација. 
Некогаш беше ангел, сега стана полоша и од самиот ѓавол. 
Некогаш се' што сакаше беше семејство, сега луксузна куќа на Менхетн. 
Некогаш се дружеше од срце, сега од корист.
Некогаш се задоволуваше со малку, но не повеќе. 
Некогаш те љубеше, сега веќе не...

Предизвикај го ѓаволот

Во секој од нас лежат две личности. Една добра и една лоша. Меѓу нив се води вечна борба за надмоќ. Кој ќе победи, одлучува нашиот разум. Некогаш срцето. Дај и предност на добрата личност.  Секогаш ќе те газат и повредуваат, но повторно ќе бидеш добродушен и бескрајно пожртвуван за оние кои ги сакаш. Дај и предност на лошата личност. Ќе бидеш суров и бескомпромисен, но сите ќе се плашат од твојата појава. Ќе те почитуваат и ќе посакуваат да бидат како тебе. Ќе те озборуваат и мразат, а сепак ќе се заљубуваат во секое твое движење. Сам предизвикај го ѓаволот во себе, не дозволувај тоа да го направат другите.. Или можеби се плашиш да бидеш икона на злобата??? 

Sunday, June 23, 2013

Мемоарите на невидливата


Испишувам уште една страница од мојот дневник. Тој е само мое ремек дело. И ничие друго. Ги знае најдлабоките тајни и најопасните доживувања. Денес решив да пишувам за периодот кога бев дете. Онака мало, невино.. Безгрижно, ќе си речеш. А не е така. Ех да знаеш што се проживеав во тие училишни клупи... Од учење азбука до љубов, се' ќе најдеш тука. А помеѓу нив полна празнина. Таа постои само сега и овде. Слушај сега.. Во животот ќе сретнеш и поубави и попаметни луѓе од тебе. И попопуларни.. Јас секогаш бев она грдо пајче кое обожува да учи. Се сеќавам на полуматурската вечер. Сите беа весели, дотерани од глава до пети. Единствено јас се издвојував од толпата. Бев скромно облечена, за разлика од останатите девојчиња кои за мене беа принцези. Никогаш не сум се почувствувала поосамено, иако бев меѓу стотици луѓе. Годините минуваа. И понатаму учев и работев на себе. Успеав во животот. Сега сум пензионирана политичарка, која остави белег врз средината во која живееше. Од невидлива станав моќна. Страв и трепет за оние со слаб карактер. Бев меѓу принцези, а станав кралица. Јас бев супериорната девојка во друштвото. Оние кои ме навредуваа сега клечат на колена пред мене, молејќи ме да им подадам рака.

Thursday, June 20, 2013

Примирје за крај

Се сеќаваш каде се сретнавме после шест месеци пауза? Да, тоа беше ресторанот за Јапонска, Кинеска и Тајландска храна. Само што влегов, а келнерот љубезно ме упати кон веќе резервираната маса. Празен ресторан, не знаат Скопјаниве да уживаат. Како за несреќа или можеби среќа, твојата маса - веднаш до мојата. Погледите се неизбежни. Подголтнуваш и стануваш од својата маса. Не си го ни чепнал јадењето. Суши, по обичај. Знам колку го сакаш, да не го изгуби апетитот кога ме виде? Дојде до мене и ме праша дали можеш да седнеш. А како тоа мислиш да те одбијам после се?! Јадењето е пропратено со пријатен разговор, баш како некогаш. 
- Зошто дојде сама токму овде? - го сврте разговорот на друга страна.. 
- Ми се допаѓа храната, знаеш.. Врската со тебе ме промени..  
Ноншалантно се насмеав, и тој исто. 
- Како си, има некој нов на видик? - се гледаше дека не му е лесно. 
- Во глобала одлично се чувствувам. Немам никој нов. Не можев да ти најдам достојна замена.Кај тебе?
- Јас се помирив со фактот дека никогаш повеќе нема да имам некоја како тебе. И да барам залудно е. Никоја не може да биде како тебе.. 
Ми се скина срцето кога го слушав како зборува. Нежно му ја погалив раката, иако можеби не требаше. Не можев да одолеам на ова искушение. 
- Зошто да бараш некоја друга? Оваа пред тебе не чини? - Се насмеав детски, онака од срце. 
- Не сум јас доволно добар за дамата пред мене. Никогаш не ни бев. Но, ако таа сака да биде со овој пропаднат џентлмен, нема да и забранам. Немам право. 
- Да ти кажам, и предобар си за мене. Ајде сега јади, подоцна ќе зборуваме. Го имаме целото време на светов.. 


Зошто те љубам?


  1. Те љубам затоа што си уникатен.
  2. Те љубам затоа што не се плашиш да го кажеш она што го мислиш. 
  3. Те љубам затоа што знаеш да ми ги прочиташ мислите. 
  4. Те љубам затоа што си пристојно безобразен. 
  5. Те љубам затоа што си најслаткото саркастичко суштество на планетава. 
  6. Те љубам затоа што секогаш знаеш што да кажеш. 
  7. Те љубам затоа што секогаш ги подаруваш најубавите бакнежи. 
  8. Те љубам затоа што знаеш да ме насмееш до солзи. 
  9. Те љубам затоа што се бориш за мене. 
  10. Те љубам затоа што ниедна чаша виски не е поубава од таа која ја пиеме заедно. 
  11. Те љубам затоа што си присутен во секоја песна, а ниедна не може целосно да те опише. 
  12. Те љубам затоа што си мој татко, брат, најдобар пријател, учител а потоа љубовник. 
  13. Те љубам затоа што знаеш како да ме одржиш во живот и кога мислам дека се се руши. 
  14. Те љубам затоа што покрај тебе можам да бидам и моќна и нежна. 
  15. Те љубам затоа што.. Затоа што си мојот принц од бајките. 


Tuesday, June 18, 2013

Погрешното Збогум

Љубовта бледнее, велат. По цели две години и милиони среќни моменти решив да им поверувам на неверниците кои душата си ја продаваат за личен интерес. Побарав да се разделиме. Засекогаш ќе се сеќавам на денот на разделбата. Ти, облечен во бела кошула, стоиш покрај вратата. Посакувам да те прегрнам за последен пат. Не можеш да ме одбиеш. Го чувствувам твојот парфем, некогаш влеваше нежност во мене.. Tе стегам свесно, не ни помислувам дали те боли. Време е да заминеш од нашето љубовно гнездо. Го преминуваш прагот. Правиш неколку тешки чекори, мислам дека се се руши пред моите очи. Се вртиш за да ме погледнеш за крај. Благо се насмевнувам додека солзите се тркалаат по образиве. Од моето грло се откинува она фамозно "Збогум". Универзален непријател на секоја врска. Се каам затоа што побарав да си заминеш, па како врв на се те пуштив да одиш. Се каам затоа што се откажав од она нашето.. Како можев да се збогувам со тебе иако сеуште те сакам? Прости ми, најмил. Сеуште секоја моја пора дише за тебе.. Љубовта не бледнее, љубовта е вечна. 


Monday, June 17, 2013

Нежна грубост

Налудничав си ти. Ја искажуваш твојата љубов на психопатски начин. Груба природа имаш, не си ни ти виновен. Дрзок си и кога очајнички се трудиш да изгледаш љубезен. Лош си и кога посакуваш да подадеш рака и да помогнеш некому. Мистериозен си и кога пробуваш на светот да му кажеш што чувствуваш. Силен си и кога сакаш да бидеш слаб. Што се обидуваш не знам. Те сакам таков каков што си. За мене секогаш ќе бидеш најдобар. Во тоа и се состои љубовта, прифаќање на она што сме. Ми се допаѓаш баш ваков. Елегантно безобразен со грубо-нежни примаси. Те сакам онаков каков што си.. Совршен. 

Скопје, те сакам

Се родив во овој минијатурно огромен град. Израснав на место каде секој посакува да биде некој друг. Градов ме гуши а воедно ми подарува свеж здив. Ме тепа а ме гали. Ме навредува а ме фали. Чуден е. Со него не знаеш на што си. Сакаш да избегаш но не можеш. Некоја невидлива котва те држи на дното на Вардар, македонската Темза. Кога повторно ќе размислиш не сакаш да заминеш. Сите спомени се тука. И кога мислиш дека ти е најтешко, погледни кон крстот на Водно. Те охрабрува, иако не е Мон Блан. Скопје не е милионски град, а сепак толку многу приказни се испреплетуваат во него. Ќе сретнеш богат просјак и сиромав богаташ. Исти, а толку различни. Не можеш да останеш ладнокрвен слушајќи ја историјата на фамозниов град од устата на стара Скопјанка. Ова не е градот на светлината, а сепак секоја душа блеска толку силно што го засенува и самиот Париз. А луѓето.. Велат нашиот менталитет не вреди. Грешат. Скопјанец кога љуби, љуби од срце. Ретко ама вистинито. Искрено како аеродромска љубов кон МЗТ или пак онаа центарската кон Работнички. Иако не се во НБА лига пак ги обожуваме. Пример на чиста скопска љубов. Се сакаат Скопјани. Така било и ќе биде, колку и да негираме. Сите оние прошетки низ Градскиот Парк, фатени за рака.. Како да не се сеќаваш. Топлина ти го обзема срцето. Градби на секој чекор. Споменици на нашите предци. Спомени од едно време. Пази што правиш, Скопје ќе те заведе па ќе те изневери. Но секогаш ќе го сакаш. Зарем може некој да не го сака најпрекрасниот град на светот? 

Лето - вид совршенство

Да бев искрена ќе речев: Не излегов од дома од почетокот на одморов. Немам со кого да излезам, сите се толку дволични и одвратни што би им плукнала во лице.. Ох, извинете. Тие немаат лице. Всушност имаат, но многу. Безброј. Ќе речев дека се ми е мрачно,темно,пусто..Ќе речев дека општеството ме уништи.. Ќе речев многу работи. 
Но, не.  Семоќниов ме надарил со три таленти: Лажење, сплеткарење, озборување. Што зборувам.. Ни јас не се родив таква. Вие ме направивте она што сум. 
Затоа сега главата да држам крената, со носот ги сечам облаците на безброј парчиња. Нека знаат дека сум силна, и покрај тоа што сум сама. Јас сум свој заштитник, борец и владител. Затоа, ќе ја изглумам најголемата среќа некогаш видена. Ќе кажам дека не се прибирам дома од луди забави. Ќе кажам дека имам совршен љубовен живот. Ќе кажам дека моето лето е совршено... Со очите ќе погледнам во небото, прашувајќи се кога ќе помине болката. Дотогаш ќе глумам Г-ѓа Забавна. 

Тешко е...

Пријателе, тешко е.. Тешко е да си никој и ништо. Тешко е да седиш покрај прозорецот додека сите други се забавуваат до бесвест. Тешко е да немаш еден единствен животен сопатник . Тешко е да земеш здив кога знаеш дека саканиот сека љуби друга. Тешко е да бидеш единствен  кога сите се исти,подобри од тебе.Тешко е да ги криеш солзите под насмевката, само за да не изгледаш премногу слабо. Тешко е да го одиш целиот пат сама. Тешко е да живееш како губитник, човеку. Ни на најголемиот непријател не би му го посакала ова.. 

Сите мои тајни

Позади мојава совршена насмевка се кријат оние несовршени искуста. Бев млада, ќе си речам. Некогаш бев чест посетител на забави до раните удрински часови. Алкохол, дрога.. Секојдевие, ќе си помислев во себе, иако не беше така. Илјадници партнери, на кои не им ги помнам ни имињата. Можеби и не ми ги кажале воопшто. Живеев од ден за ден. Млада девојка, без обврски. Што друго да се прави.. Лаги, интриги, драми. Тогаш ми се чинеше дека лебдам некаде на небото. Не се грижев што ќе се случи утре, важно ми беше само да си поминам една убава вечер со странци. Поради тоа го изгубив она највредното.. Она што цел живот сум го имала за една вечер. Останав без семејство, пријатели, момче.. Тогаш коцкањето би беше единствен излез. Од вечер до вечер по казина. Ги изгубив и парите наменети за факултетските трошоци. Бев принудена да го напуштам факултетот. Не најдов работа, нема кој да ме прими со моиве никакви знаења. Основно со врски, средно и факултет приватно. Се чудам како воопшто ја знам азбукава. Дваесет и нешто години поминаа, јас уште сум таква. И сеуште во мене живеат милион пороци. Лажам наоколу за себе. Се срамам од минатото, а живеам во сегашност идентична на него. Господ ми е сведок колку пати се обидов да продолжам понатаму, но ете не може. Ќе излезам на улица и ќе ме препознаат, дали некој бивш партнер за една вечер, дали дилерот, дали некој со кој сум играла покер или кој уште не. Вистина беше кога ми зборуваа дека минатото ќе ме следи цел живот за да си поигрува со реалноста. Живот кој мислев дека е создаден за уживање.. Но, не мое. На оние што од времето на Ное посакуваа да пропаднам. 

Sunday, June 16, 2013

Зачувај ја последната шанса

Иако ме знаеше со векови наназад, сепак реши да пробаш да живееш без мене. Бесрамно ме гледаше со тие кафени очи. Ми го прободе срцето со тој проклет поглед. Бев слепа и покрај тоа што ги држев очите широко отворени. Се обиде да ме замениш со неа, сфати дека не можеш. Моите кафени кадрици не можеш да ги замениш со нејзината права коса. Моите полни усни не можеш да ги замениш со нејзините тенки. Моето срце кое чука за тебе не можеш да го фрлиш во океанот. И самиот не признаваш колку ти значам. Ме сакаш колку и јас тебе. Јас сум љубовта на твојот живот, сите други се невидливи. Очајно се обидуваш да ги заборавиш нашите моменти поминати заедно. И кај мене е исто, ни мене не ми е лесно. Не можам едноставно. Како да легнам во креветов кога твојот мирис сеуште е тука? Како бакнам некој друг кога знам дека не го сакам?  Како да му го подарам ранево срце на некој непознат? Те сакав, те сакам и ќе те сакам без разлика колку негирам и се убедувам себеси. Ти не си дел од моето срце, ти си моето срце. Премногу те сакам за да те пуштам да си одиш. Иако често сум дволична кучка, кога сум со тебе станувам само едно мирно девојченце. Ме смируваш. Покрај тебе се чувствувам ранлива и нежна, но знам дека си тука да ме заштитиш. Покрај сите грешки кои заедно ги направивме, ти нудам уште една шанса. Се надевам дека и ти мене ќе ми возвратиш на ист начин. И самиот знаеш дека нема да преживееме еден без друг. 

Сатенска панделка

Го знаев уште од почетокот на шесто одделение. Далечни времиња кога бев само едно девојче. Ни тогаш не бев безгрешна, но многу понаивна од денес. Прв пат кога го видов, го одмеркав од глава до пети и си помислив: Боже, каков идиот. Носеше некое карирано шалче над капутот. Морам да признаам дека имаше стил. И тоа многу. Арогантно дете, полно со интриги уште на таа возраст. Растел со татко му, беше доста разгален. Типично богаташко дете. Имавме слично потекло, само што јас тогаш се трудев да изгледам како обично дете. А не бев. Секој ден го гледав до крајот на седмо. Седмо, еј, седмо. Смешно звучи. Детски работи, кој им обрнува ним внимание.. Нешто ме привлекуваше кон него.. Тие кафени очи, таа кафена коса... Шармантна ангелска насмевка зад која се крие ѓаволот. Речиси две години, нашиот однос се базираше на зјапање. Јас во него, тој во мене. А кога ќе ни се сретнеа погледите.. Бура од емоции. Цунами во главата, торнадо во стомакот. Се однесував многу повозрасно од своите години. Сакав да бидам независна и силна млада дама - физички и психички. Бев препознавана преку кафените кадрици и сатенските кошули со панделки. Момчето со карираниот шал ме нарекуваше "Сатенска панделка". Знаев дека нешто мати... Сепак се чувствував убаво, вообразенкото ме забележал. По неколку месеци почнавме да се дружиме. Го сменив моето мислење за него. Навистина бил добар, можеби и премногу. Се сменил од крајот на тоа фатално седмо. Колатерална штета, го мразев самиот збор "седмо". Ме потсетуваше колку бев мала и наивна. Тој се смени, но и јас исто така. Студениот крал се стопи, но јас се скаменив. Бевме заедно некое време.. Држење за рака, јадење некој си евтин сладолед.. Ми здосади неговата добрина. Мене ми требаше тиранин или барем ѕвер, не принц. Изгледа на мојата психа и нема помош. Сатенската панделка нека биде сведок на мојата нескротлива природа. А можеби момчето со карираниот шал повторно ќе биде мој мрачен витез, кој знае... 

Saturday, June 15, 2013

Лекции

Учев во најдобрите училишта. Посетував разни курсеви. Одкога знам за себе ја сакам уметноста, што поради моите родители, што поради себеси.  Зборувам пет јазици, свирам пијано и сликам. Чест посетител сум на Македонската Опера и Балет, како и на многуте галерии низ Скопјево. Но се што научив е  како да бидам еден обичен академски граѓанин. Вистинските лекции ги научив на модните писти. Од самиот почеток морам да се фокусирам на патот кој се наоѓа пред мене. Гордо треба да поминам пред луѓето, не обрнувајќи внимание на нивните коментари. Без разлика колку е тешка облеката која ја носам или пак колку се високи потпетиците, мора да продолжам се до самиот крај. Луѓето некогаш ќе ме пофалат, некогаш ќе ме искритикуваат. Сами со себе си зборуваат, мене не ме интересира. Единствено јас сум важна во овој момент. Токму јас сум центарот на вниманието, сите рефлектори и камери се вперени во мене. Јас ги интересирам луѓето. Кога и да изгубам мотивација, се присетувам на мотото: "Шоуто мора да продолжи". Влева надеж во моите вени. Го користам и последниот атом сила за да успеам. Секој е заменлив, но не и јас. Морам да бидам подобра од сите други, па и од самиот дизајнер. Не сум закачалка, туку борец. А оваа битка ќе биде моја. 

Празна душа скриена во полн паричник

Немам пријатели. Немам семејство. Немам партнер. Немам ни една светла точка која би го украсила мојов живот. Луѓето кои своеволно си ја залепија етикетата "пријатели" се секогаш околу мене.. Чекаат да ме видат како паѓам од врвот. Луѓето кои своеволно си ја залепија етикетата "семејство" ме гледаат еднаш во две години, со цел да изнудат повеќе пари. Луѓето кои своеволно си ја залепија етикетата "мој партнер" едвај една вечер издржуваат со мене. Замислете, немам ни едно милениче кои би ми го стоплило животот. Сум била до крајот на светот, а се би дала да поминам еден викенд со некој вистински пријател во нашиов скромен Дојран. Сум јадела во најскапите ресторани, а се би дала за една топла семејна вечера. Сум искористила безброј телефони, а верувај и животот би го дала за само еден повик од саканиот, со кој би ми посакал едно тивко Добро утро. Копнеам по најскапите работи, кои за жал овие евтини луѓе не можат да ми ги подарат. И кога ќе излезам од дома, не го покажувам моето тежнеење кон било каков вид љубов. Ќе изглумам среќен живот и уште еднаш ќе повторам колку многу го сакам светов. Тој што вреди, ќе ги препознае моите солзи скриени под насмевката. 

Friday, June 14, 2013

Чесен крадец

Злато, дијаманти, бисери и пари.. Најдобрите пријатели на еден човек. Овозможуваат престиж,  гламур, статус... Но, не и љубов. Уште од мали нозе бев фасцинирана од скапоцените нешта. Наместо со барбики, јас си играв со бисерните обетки на мојата мајка. Често беше бесна на мене, велејќи ми дека скапоценостите не се предмети наменети за игра. Тврдоглава сум уште од мала. Никогаш не ја послушав во врска со овој случај. И горда сум на тоа. Годините одминуваа. Дојде време и мојот врат да го украсам со дијамантски накит. Блескам. Не поради драгоцените камења, туку поради интелегенцијата, ставот и шармот кој го поседувам. Ги терам луѓето да паѓаат на колена пред мене. Со својот карактер и убавина, можам да манипулирам со кого и да посакам. Го запознав него.Мултимилијардер. И материјално и духовно. Покрај него се чувствувам неверојатно силна а воедно ранлива. Добивам разни подароци од него. Некогаш букет божури, некогаш дијаманти, некогаш пакетче од омилените macarons. Единствено дијамантите кои самата си ги купив, изгледаат подобро од ние кои тој ми ги подари. Таква сум јас. Моќна. Но со него сум непобедлива. Знае што сакам. Ми ги чита мислите. Заедно владееме со светот. Совршено се надополнуваме. Од што и да се направени срцата, моето и неговото се исти. Тој е тој. Тој е мојот чесен крадец, кој ме натера своеволно да му го подарам срцето. Никогаш не зажалив за стореното. 

Thursday, June 13, 2013

Донесено со виорот

Пред многу години те запознав. Не знам како пристигна токму овде, но секогаш кога ќе погледев ти беше во близина.  Не можам да ти подарам пари или отмено друштво. Единствено можам да ти дадам чисто срце полно со безрезервна љубов. Ако не го сакаш, не мораш да го земеш. Ќе сретнуваш поубави и попаметни девојки. Не барам од тебе да бидеш со мене наместо со нив. Во ред е. Знам дека не сум достојна за пристоен живот со тебе. Ти си гламурозен. Секоја девојка потајно се надева дека еден ден ќе биде твоја. Најпосакуваните се нудат на послужавник. А јас... Јас сум никој и ништо. Немам совршена фризура ниту пак некое привлечно тело. Немам богат социјален живот. Нема никаков живот всушност, за разлика од тебе.Ти посакувам среќа во секое поле на животот. Ако си ти среќен, тогаш сум и јас. Толку многу те сакам, што не чувствувам потреба да бидам сакана од твоја страна.  На шишето полно со мојата љубов, ќе залепам една обична етикета: "Донесено со виорот". А дали ќе го променам во "Однесено".. За тоа ти одлучи. 

Wednesday, June 12, 2013

Постела од милион сништа

Чуден е животот. Брз и бесен, а воедно толку нежен и ранлив. Некогаш и јас бев таква. Се што ми остана од тоа време е една постела исткаена од милион сништа. Љубов, пријателство, среќа. Ништо не се претвори во реалност. Не добив ниту трошка љубов, ниту една пријателска рака подготвена да ми помогне, ниту еден среќен момент кој би ме насмеал. Едвај сврзувам крај со крај. Јас веќе не ни имам живот. Се будам, преживувам и спијам. Рутината веќе долго време се повторува. Не чувствувам повеќе ништо. Ниту болка ниту задоволство. Изморена од животот, си легнувам во мојата постела. Мирисот на омилениот Шанел 5 ме враќа во живот. И тој се претвори само во еден обичен предмет, со кој се обидувам да докажам дека сеуште цврсто стојам на Земјата. Бавно тонам во имагинарниот свет, каде јас сум сакана. Да можам, би ги сменила сите пари за еден искрен бакнеж.. Но, не. За мене нема љубов. Нема ништо, освен надеж за подобро утре... 

Sunday, June 9, 2013

Приказна: Непобедлива



Само што се вратив од училиштето, место полно со напатени простаци и курви. Ги мразам сите таму. Девојките се тотално дволични и неблагодарни, а машките... Тие се посебна приказна. Замислуваат дека се некакви шмекери, а всушност не се ништо повредни од едно обично ѓубре. Доста сега за нив, небитни се. Единствената причина поради која одам во ова проклето училиште (читај мачилиште) е учењето. Сакам да учам, но никогаш не се истакнувам. Не знам зошто но се чувствувам исплашено од самиот тој чин. Уште само една година, и потоа ќе бидам во интернационалното средно училиште, полно со луѓе достојни за почит. Доста сега за образованието. 
Господинот Совршен сеуште не ме приметува. Поголем од мене цели 5 години. Седмоодделенка и матурант. Убаво звучи. Кога го гледам не знам дали сонце грее дали врнат поројни дождови. А тој.. Тој едноставно може да ги види сите временски промени, знам дека не ме сака. А и не мора. Доволна е љубовта која ја имам кон него за двајцата. Ги бројам дури секундите до денот кога повторно ќе го видам. А тој дали воопшто знае која сум јас. Сонувам барем еднаш да ме погледне со љубов во тие негови кафени очи. И самата знам дека тоа нема да се случи. Момците како него не се заљубуваат во деца. Барем не во овој случај. По некоја игра на случајот до мене најдов ливче испишано со ситни букви: Тоа што не можеш да го смениш на крајот ќе те смени тебе. Еурека. Токму ова го барав. Ако не може тој да ме засака како дете, нека ме засака како дама. Се јавив на мама, која беше видно изненадена. И реков да ме запише на курсот по Француски Јазик за кој толку долго ме убедуваше.  Да ми кажевте пред неколку дена дека ќе имав желба за Француски, веројатно ќе ве сместев во ментална установа. А имајте на ум дека г-дин Совршен ќе ме засака. Толку многу што ќе му бидам попотребна од вода или можеби кислород. Тоа ви го ветувам. Сабота. Ден за одмор и релаксација. Се упатив кон фризерскиот салон. Ја побарав наубавата фризура која може да се направи. И ја добив, иако чинеше едно цело богатство. Следуваше на ред маникирот и педикирот. Си ставив надградба, оние девојки кои г-дин Совршен ги посакува имаат долги нокти. Завршив со третманите и отидов дома за да се пресоблечам. Боже, изгледав прекрасно во тој црвен мини фустан. Личев на возрасна девојка. Мора сега да му се допаднам. А пак и со Францускиот акцент.. Станав девојката од неговите соништа. Самодовербата нагло ми порасна.Поканив неколку другарки да појдат со мене во отмениот ресторан. Совршениот често можеше да се види таму, секогаш во VIP делот. И ние имавме резервирано таму. Нека види колку сум совршена, нека си ги пронајде грешките. Седнавме и нарачав јастог, иако мразев морска храна. По кратко време се упатив кон тоалетот да проверам дали ми е добра шминката. Вртоглаво високите потпетици правеа да се чувствувам како вистинска газела. За неколку дена како моиве кутри тринаесет години да се претворија во дваесет и пет. Горда бев на себе, знаев дека секој милиметар од моето совршено тело се одмерени во машките очи. Флертував со сите, иако сеуште го немав доживеано ниту мојот прв бакнеж. Очи на целиот ресторан беа вперени во мене. Стигнав во тоалетот а таму што да видам. Совршениот, секогаш облечен во елегантно сако и кошула, стоеше и гледаше право во мене. ВО МЕНЕ! Посакал да се запознае со мене. Дали тоа матурантот падна пред седмоодделенката?! Да. Големо да. Огромно.Трепереше коа ми зборуваше. Се плаши да не згреши нешто, да не испадне глупав. Се правев дека не знам и прашав колку години има. Ми одговори тивко, свежи осумнаесет. И тој ми го постави истото прашање, а доби горд и стабилен одговор: тринаесет. Ја поткаса долната усна и ми се приближи. Ми шепна дека сум совршена. Па што не кажа нешто што не знам?!Проба да ме бакне, но се тргнав, иако умирав од желба нашите усни да се спојат. Дамите не бакнуваат од прв пат, па не сум јас дел од неговите лесни женски кои се би дале од прв пат. Нека знае дека не сум лесен плен, нека се бори со целиот машки род за мене. И така сите ме сакааат. Нека победи најсилниот.Седмоодделенката со совршена фризура, ултра тесен фустан и највисоките штикли некогаш видени полека се искачи кон врвот. А таму и ќе остане до крајот на животот а и по него.Помина цела недела. Г-дин Совршен трчка по мене како кученце. Секое утро пред мојата врата добивам бомбониера или пак некое кадифено мече. Родители почнаа да се сомневаат. Но ова утро беше поинаку. Наместо обичен подарок, добив писмо. Заинтересирано го отворив. Мирисаше на добро познатиот машки парфем. Пишуваше дека многу ме сака и ќе ме чека во 21 часот во некој бар, за кој досега не сум слушнала.Иако беше штотуку утро, истрчав од мојот стан на последниот кат на една стокатница. Влегов во лифтот. Мирис на евтин парфем, ужасен мирис паметен уште од детството. Конечно стигнав во лобито на стокатницата. Вратарот учтиво ме поздрави. Добар човек, беше татко на еден другар од најраното детство. Отидов во шопинг центарот. Морав да купам облека за вечер. Влегов во петнаесетина продавници и ништо не најдов. Каков ужас, па што ќе правам јас сега?! За среќа најдов едно фустанче. Изгледаше премногу едноставно, но тоа дома ќе го корегирам со впечатлив накит.Целиот ден го потрошив во шминкање и смислување на совршеното сценарио за вечер. За прв пат ќе пијам алкохол, не сакам да испаднам некаква плашливка, посебно не пред него.Веќе беше 20 часот. На родителите воопшто не им беше грижа, имаа работа преку глава. Велат таква е сезоната. Повикав такси и ја кажав адресата на барот. Таксистот немо ме погледна, знаев дека нешто не е во ред. Како за инат ништо не кажа. Стигнавме во една мала тесна уличка. Единствен знак за постоењето на барот беше еден светлечки знак, кој иритираше со неонските бои. Па добога имам 13 години, не 3.Вледов внатре. Спарна атмосфера низ која се шири миризба на алкохол. Г-дин Совршен опуштено седеше на сепарето. Забележав дека во едната рака држи некаква си пура, чија одвратна миризба ме тераше да повратам. Луѓето беа чудни. Оскудно облечени девојки и многу бизнисмени. Почувствувам дека тука има нешто. На средината на барот - шипка. Не им верував на очите. Што бара дама како мене овде?Совршениот ме викна да седнам покрај него, така и направив. Порача виски за двајцата. Се исплашив да не направам нешто глупаво, прв пат ми беше. Пробав само една мала голтка. Вкусот не ми се допадна, но немав што да правам. Раката на Совршениот се движеше по моето тело. Се оддалечив од него. Не сакам да ме допира, нека копнее по мене. Понуди да одиме кај него дома но не прифатив. Ми понуди пура и пак не прифатив. Потоа ми даде еден луд предизвик. Да се качам на бината покрај таа шипка што претходно ме иритираше. Не знам што ми стана но отидов. Галантно го движев моето тело, секако комплетно облечена. Заврши музиката и добив пофалби од бизнисмените. Но се чувствував некако безволно. Побарав да си одиме. И Совршениот прифати. Се понуди да ме префрли дома. Само што седнавме во колата, сретна некоја негова пријателка. Висока девојка со доста изразени облини. Хах, како ли се осмелува после се? Девојката седна до мене и не ми прозборе ниту еден единствен збор. Мене ми одговараше. Стигнав пред мојата куќа, а девојката остана во неговата кола. Излегов и Совршениот ми рече: Кој те научи да бидеш таква дама?! Едноставно одговорив: Животот.Влегов дома. Се чувствував некако одвратно. Се гадев од самата себе. Моиве тринаесет само што станаа многу, многу повеќе.Ми се чини дека од моиве сини очи само што се изли еден океан, а од моето срце многу повеќе крв од сите досегашни војни заедно.Тогаш сфатив дека за да си непобедлив, мора да бидеш ужасен.Повеќе не се чувствувам одвратно поради тоа што го направив вчера. Напротив, баш гламурозно.По будењето, се сретнав со пријателките во едно кафуле. Како и секогаш си нарачав чаи лате. Опушта. Многу. Разврзавме муабети за училиштето. Уште само еден ден до крајот на учебната година. Каква среќа, нема да морам да ги гледам оние аутсајдери до септември.Утрото совршено ми почна, но за жал совршенството кратко траеше. Девојката од вчера седна во кафулето. Нетрпелива беше, се приметуваше дека очекува некогао. Другарките мораа да си одат. Се поздравив со нив и се упатив кон шанкерот. Флертував со него, индиректно велејќи му да го слика човекот кој ќе седне на масата со онаа девојка. Секако се согласи.Заминав во бутикот од спротива на кафулето. По половина час добив слика од Совршениот и таа девојка. Што бара тој со неа?!Изнервирана отидов во спа центарот, барајќи спас од бесот кој го обзема мојот мозок. Се испостави дека ни таму не можам да си ги средам мислите. Сауната добро му дојде на моето тело но не и на мојата душа. Зарем младата дама веќе се соочи со најопасниот здравствен проблем познат како скршено срце? Три часа безволно одев од масажа на масажа. И ниедна не помогна.Веќе беше пладне, морав да одам дома. Повикав такси, но како за мој инает ми рекоа дека баш сега нема ниедно слободно, а мојот стан се наоѓа на спротивниот крај од градов. Покрај мене помина момче со велосипед, од прилика на моја возраст. Ме погледна во очи. Го препознав од некаде. О, па да, тоа е синот на вратарот во мојата зграда. Го запознав во градинка, ми беше тогашен дечко. Во прво одделение заминавме во различни училишта, и се видовме само уште еднаш во петто. А тогаш тој само го спушти погледот. Мислев дека тогаш ме мразел.Момчето застана. На тешки маки бев, бидејќи не ми текнуваше како се вика. Очајнички го пребарав секое делче од мојот мозок но едноставно не ми текнуваше. Дланките ми се препотија, а таа челична дама некаде исчезна. Се чувствувам мала. Многу мала. Како петгодишно дете.Момчето ме поздрави, и секако му возвратив. Мислам дека изгледав како ретардирана кокошка во неговите очи. Со тринаестет година, а на штикли среде бел ден. Сигурно се најлошо мисли за мене.Момчето ме праша што барам овде и дали ми треба превоз до дома. Бев искрена и го замолив за помош. Дамата ја наведна главата и побара помош, а не се чувствуваше лошо поради тоа.Имав мали проблеми да седнам на велосипедот. Штиклите ненормално пречеа. Момчето беше љубезно и ме пушти да седнам пред него. Лимузината ја заменив со велосипед. И убаво ми беше. Се возевме долго. Можеби цел час. Стигнавме пред мојата зграда. Смената на неговиот татко завршила. Го поканив да влезе внатре и прифати. Веднаш се пресоблеков и ја тргнав шминката, пробувајќи да изгледам нормално, за разлика од претходно. Сеуште не му го знаев името а глупаво ми беше да го прашам. За некако да се извадам, го прашав како е потпишан на Фејсбук. Дознав дека се викал Дамјан.Гледавме филмови. За чудо, го гледаше Појадок кај Тифани со мене, за разлика од Совршениот. За Совршениот романтичните филмови биле чиста глупост, гледал само акциони.Веќе се стемни. Дамјан требаше да си оди. Мислам дека ова беше најубавиот ден во мојот живот. Си најдов другар, кој верувам ќе ми помогне во натамошната мисија, за која ќе слушнете подоцна.Се надевам Дамјан нема да го повредам многу, но морам. Немам друг избор. И покрај тоа што е многу нежен и внимателен кон мене, морам да останам непобедлива. Немам време за таков вид љубов. Барем не повеќе.По денот поминат со Дамјан, се опуштив во мојот кревет. Размислував за животот. Со Дамјан се почувствував некако поинаку. Се чувствував како за прв пат во живото да имам вистински другар покрај себе. Лажните другарки кои ги имав беа за жалење. Само озборуваа и љубомореа.Мислејќи сум заспала. Утредента се разбудив во 12 часот.Совршениот ми се јави. Ми речи дека ќе студирал на престижен универзитет во Велика Британија чие име не го ни слушнав. Не ми беше ни гајле. Побара да го поминеме цело лето заедно. Ништо не кажав. Чувствата ми се сменија. Не бев сигурна што сакам со Совршениот. Сонот ми се оствари, но повеќе наликуваше на кошмар.Сакав да излезам надвор, заменувајќи ја провокативната гардероба со лежерна. Облеков едноставни хеланки и дуксер, а косата ја собрав во бушава пунџа. Посакав да отидам во паркот. Се шетав петнаесетина минути, додека не го сретнав Дамјан. Играше кошарка со некои другари. Се насмевна кога ме виде. Истото го сторив и јас. Ги поздрави другарите и дојде до мене. Го прашав дали сака да прошета со мене и прифати. Веќе ме заболеа нозете од одење па понудив да седнеме. Зборувавме општо за животот, се додека не дојдовме до темата љубов. Ме праша дали имам дечко. Тогаш се почувствував слободна да му кажам се за односот кој го имав кон Совршениот. Сепак излажав. Реков дека премногу го сакам, бидејќи мислев дека Дамјан потајно не сака да се дружи со мене. Дамјан е толку нежен и фин, сите го сакаат. А јас.. Јас сум одвратна. Тој не може ни да погледне некоја како мене.Очите му засветија. Мислев ќе заплаче, но бев сигурна дека тоа не е за мене. Не може тој мене да ме сака. Не може.До клупата дојде таа висока девојка што беше со Совршениот во колата. Испадна дека му е девојка на Дамјан. Во тој момент сакав само да избегам од сите. Дамјан треба да знае што прави девојка му, но јас тоа не можев да го кажам. Грлото ми се исуши, а гласните жици ми се скршија на милион парчиња. Реков дека морам да одам дома. Се поздравив и си отидов.Решив да ги отфрлам и Дамјан и Совршениот. Од сега ќе станам лесна девојка, како онаа на Дамјан. Ќе се мувам со кого стигнам. Доста беше глумење дама и добро девојче. Сега ќе настапи дивата женска во мене.Цело попладне го поминав подготвувајќи се за вечер. Ќе излезам само во ноќен клуб, и ќе ја поминам целата вечер со некои припадници на спротивниот пол. Го спроведов планот и отидов во еден клуб. Луѓето беа можеби 4 години постари од мене, средношколци.Веќе испив два пијалока, се чувствував малку зашеметено. Едно момче ми пријде и ми се претстави. Имал 17 години и бил 3та година средно. Не перцепирав што зборува. Посакав да го смувам. Првиот бакнеж ќе му го подарам на тотален странец. Само што сакав да го направам тоа, некој ме оттргна од момчето. Лицето не можев да му го видам добро, што поради гужвата, што поради алкохолот. Ме изнесе надвор од клубот. Забележав дека тоа е Совршениот. Влегов во неговата кола. Ми се извинуваше за нешто меѓутоа не можев да сфатам за што. Ми кажа дека ме изневерувал со девојката која беше во неговата кола пред некое време. Девојката на Дамјан. Не ме загрижуваше тоа што Совршениот ме изневерил, туку тоа дека Дамјан ништо не знае. Девојката е постара од него 5 години, исто колку што е Совршениот постар од мене. Го прашав Совршениот дали ја сака. Се срамеше да ми каже, но навистина ја сака. Го замолив да ја држи подалеку од Дамјан. Се согласи. Таа вечер очајно сакав да се видам со Дамјан. Му се јавив и ме покани кај него дома. Совршениот ме однесе таму.Благото пијанство помина, па бев речиси целосно трезна. Влегов во собата на Дамјан. Беше сам дома среде ноќ. Татко му бил на ноќна смена, а мајка му на службен пат кај нашиот јужен сосед. Не сакав да зборувам. Едноставно го гушнав и го молев Господ да не ме оттурне од себе. За среќа не го направи тоа. Навистина беше многу добар, иако бев сигурна дека не ме сака ни како другарка. Отиде да ми донесе чаша сок, додека јас останав во неговата соба. На масата имаше оставено писмо. Не се осмелив да го отворам иако на пликот го пишуваше моето име. Знаев дека во тоа писмо пишува дека не сака ни да се дружи со мене. Се врати со две чаши сок од портокал, мојот омилен. Ме замоли да седнам на креветот, имал нешто да ми каже. Ми се створи кнедла во грлото, знаев дека ќе каже колку не му одговара моето присуство. Срцето престана да ми работи, мислев дека во секој момент ќе умрам. Дамјан единствено кажа колку многу му одговарало да се дружи со мене. Јас упорно мислев дека лаже за да не ме повреди. Седна поблиску до мене, ме прегрна и ми шепна едно тивко Те сакам. О боже, е сега ќе умрев. Едвај ја мрднав устата и му кажав скромно: И јас тебе. Несигурноста ја снема, мислев дека се е совршено. А сега кога се сеќавам на тоа, жал ми е што не е така. Еден ден ќе дознаете зошто непобедливото срце го завив во илјада нијанси црно...Веќе две недели бев со Дамјан, но се уште се немавме бакнато. Во текот на тие две недели се чувствував како вистинска кралица. Го имав она чувство на блага болка во стомакот проследена со треперење.  Пеперутките го направија своето за прв пат.Решивме да отидеме на блиската планина со велосипеди, но пред тоа морав да одам и да си купам сок. Не знам што ми стана но едноставно напнував да одиме до продавница. На Дамјан му беше смешно моето барање но сепак реши да го исполни. Да дофатив најголемата брзина која велосипедот можеше да ја постигне. Дамјан сакаше да ме престигне. Одеднаш голема црна кола забрзуваше накај Дамјан. Бидејќи и јас бев блиску до него, колата удри во двајцата. Неколку минути бев без свест. Кога ги отворив очите забележав дека главата ми крвари. Се исплашив за сопственото здравје.. Но кога ја свртев главата го видов Дамјан облеан во крв, а наднего стоеше Совршениот повикувајќи Брза Помош.Ползев до телото на Дамјан. Вкусот на тага помешана со горчина ми тежеше во грлото. Не знаев дали е жив. Мојот прв бакнеж го подарив на веќе мртвото тело на Дамјан. Плачев и се обвинував себеси. Амбулантното возило пристигна. Не сместија мене и Дамјан внатре. Се обидуваа да го вратат во живот, а мене ми ја чистеа раната. Сретството кое ми го ставаа на главата не печеше нималку во споредба со раната на срцето. Лекарите констатираа дека е мртов. Не можев да издржав, болката во мене експлодираше. Ми дадоа апчиња за спиење против моја желба. Следното утро се разбудив во болнички кревет, на кој седеше девојката на Совршениот. Ми рече дека било несреќен случај а Совршениот е сместен во затвор. Полицијата  го обвинила за сообраќајката и за други дела.. Мене не ми беше гајле за него.Единствено што ме интересираше беше Дамјан. Ја прашав дали е вистина тоа што се случи. Потврди, давајќи знак со главата. Потоа стана, си ја намести сукњата и излезе. Сигурно надвор некој друг ја чека.Ме пуштија од болницата. Мајка ми ме однесе дома. Неколку месеци не излегов од дома. Направив план за остатокот на мојот живот. Побарав помош од еден пријател на Совршениот. Ми организираше превоз до некое Грчко пристаниште. Се качив на брод и отпатував. Неколку пати го менував транспортот додека да стигнам до Сингапур. Со моите 13 години станав ваква... Се сместив во една луксузна куќа. Единствено нешто што правев во тој период беше пиење алкохол и дрогирање. Под дејство на тие дроги не знам што друго сум правела. Совршениот и сите што ги знаев никогаш повеќе не ги видов. Останав сама среде оваа егзотична земја, единствено со еден пријател по име хашиш.Сега кога се сеќавам на ова жал ми е за се. Имам 24 години,сеуште живеам во Сингапур и се занимавам со најлошата работа на светот. Останав непобедлива и по огромната болка, но на најлошиот можен начин.После Дамјан немам никого. Решив да ја обојам водата на океанот со црвена боја, произведена од страна на моето тело.Моето име е Ана Сергеева и целиот мој живот беше само една обична соната за болката.  Вие ќе бидете единствени сведоци за моето некогашно постоење. Пренесете ја мојата приказна.










Saturday, June 8, 2013

Гозба за сите сетила

Никогаш не сум се чувствувала сакана. Дури ни од страна на родителите. Во текот на целиот мој живот се борам сама. Тешко е, но немам друг начин. По долгиот напорен ден, единствено топлата купка ми помага да се смирам од проживеаните нервози. Секој ден се справувам во најразлични луѓе што многу влијае на мојата психа. Понекогаш ми доаѓа да ги исечам вените во  кадата, да ја обојам купката во црвена боја. Но не го правам тоа, бидејќи сакам да успеам во животот, да им докажам на сите колку многу вредам. Само ги затворам очите и им дозволувам на есенцијалните масла да владеат со моето тело. Гозба за сетилата. Се наградувам себеси за сите херојски дела што сум ги направила а не сум побарала ништо за возврат. Ако ништо друго, барем тоа го заслужувам. 

Голтка на животот

Останувам дома, инаку е петок. Петок вечер. Ден наменет за луди забави до утринските часови. Единствен пријател ми е чашата мартини. Пијам за себе. Ја прославувам тагата. За чудо сакам ова чувство да трае вечно. Среќата никогаш не сум ја почувствувала, а не ни сакам. 
Добро ми е вака. Јас и само јас. Никој не знае како се чувствувам. Тешко ми е да раскажам што се живее во мене. И да кажам никој нема да ме сфати. Многу затворен тип сум. Мразам зборување. Мартинито ги чита моите мисли. Знае што сакам и нема да ме предаде. Полека уживам во неговиот вкус, знајќи дека ми е единствен вистински пријател. И јас сум неговиот. Уживам во секоја благо-горчлива голтка на животот. Не е важно ништо друго. Заедно сме непобеливи. Засекогаш. 


Friday, June 7, 2013

Кога бисерите ќе се претворат во камења

Во текот на целиот мој живот барав посебни личности кои ќе се истакнуваат во толпата. 
Со маки ги наоѓав, но потоа грижливо ги чував. Со некои од нив толку се приврзав што ја ставав нивната благосостојба пред мојата. Некои се покажаа достојни, некои не.                                         Тие беа бисерите во мојот живот. Внимателно ги нижев околу вратот. Им давав полно право да ме задушат, но потајно во себе верував дека нема да го направат тоа. Згрешив, си признавам.  
Полека забележував дека бисерите го губат сјајот, а јас не можев да направам ништо за да го спречам тоа. Едноставно така морало да биде. Веќе немаа никаква корист од мене, па едноставно решија да го затегнат обрачот и да го прекинат мојот живот. Јас сум виновна. Им дозволив да ме уништат. Бисерите се претворија во камења, а јас.. Јас  се претворив во некој  дијамант, кој едноставно зрачи со својата убавина. Неговиот сјај ги засени бисерите. И така веќе не вредат, нека и се радуваат на каменестата структура. Потполно ја заслужуваат. Дијамантот нека го има само оној кој е достоен за него. 

Tumblr_mfc8fyggsz1rqvfc5o1_500_large


Thursday, June 6, 2013

Бал на животот

Ех, животот од секогаш бил еден голем бал под маски. Како ќе ти свират, така ќе играш. 
Луѓето постојано ќе ставаат нови маски, а некои дури и ќе ги сврзат со своите лица. Драмата цел живот ќе те следи. Не е важно дали си просјак или крал, на овој бал секогаш ќе присуствуваш. Можеби балот ќе се одржи во замок, можеби во тесна уличка покриена со калдрма. Не си поканет,не знаеш ниту кога ниту каде, ама сепак по некоја игра на случајот се наоѓаш таму. Играта почнува кога ќе се родиш, а завршува кога ќе умреш. По некое време нозете ќе те заболат, но нема да можеш да престанеш да танцуваш до крајот. Можеби во текот на тој бал ќе ја најдеш љубовта на твојот живот, а можеби и ќе останеш со празни раце. Теши се со помислата дека сите ќе го завршиме овој бал на ист начин: Во длабока црна дупка, некаде на површината на Земјата. Но кога веќе си тука, танцувај најдобро што можеш. Биди во центарот на вниманието, барем нека зборуваат за тебе после оваа свеченост. 
546580_383078235063618_100000843344004_1115439_1417147287_n_large

Ја добив круната, но дали ја изгубив главата?

Сон на секое девојче е еден ден да го најде својот принц. Уште во најраното детство, бајките ја наметнаа таа желба во моето срце.  И замислете... Ми се оствари. 
Но не на начинот на кој мислев. Мојот најголем сон се претвори во најстрашниот кошмар некогаш доживеан. 
Како нему му ја доделив титулата принц не знам ни сама. 
Тој не беше принц, туку само една жаба во низата. Ја бакнав таа  крастава жаба скриена под речиси совршена маска. Мислев дека добив златна круна, а тоа всушност беше венец од коприви. Ме изгоре и си замина. 
Но вртам нов лист.  Веќе нема да бакнувам жаби. Ќе го чекам вистинскиот. Можеби и до крајот на мојот живот. Знам дека еден ден ќе бидам нечија принцеза. А дотогаш ќе си останам кралица на слободата
                . Large


Осамена, но не и сама

                     Уште едно обично утро. Се протегам во огромниот кревет. Сама.                                                      Сонцето свети низ завесите, но на патот кон ширење низ собата му противречи балдахинот. Фасцинирана сум од глетката. Полека станувам од креветот. Се упатувам кон кујната, време е да си направам некаков појадок. Фрижидерот е празен. Единствено нешто што имам се јагоди и шише шампањ, уште од некоја си далечна деведест и петта. Носталгија ги обзима моите сетила, вкусувајќи од шампањот. Одеднаш пудлицата се јавува од дневната соба. И таа е будна. Време е за утринска прошетка, за која денес немам желба. Ако излезам од дома, сигурно ќе сретнам некого. Ја замразив комуникацијата со луѓето, се чувствувам подобро сама. Пудлицата како да ми ги чита мислите, нагло прекинува со лаењето. И супер ми е така. Обожувам тишина.  Целата дневна соба е речиси празна. Точно на средината ја краси еден голем тросед, на кој удобно седнувам да си ги дојадам јаготките.
Кога веќе имам уште шампањ, ќе наздравам за себеси. Денес ја славам мојата победа врз луѓето.
                 Large