Го гледав секој ден. И тој ме гледаше мене. Најубави погледи беа тоа. Погледи со душа. Спојување на едни сини очи, длабоки како океанот и едни кафени, кои цврсто парираа. Вода и копно. Иритантни погледи, полни со самодоверба. Некогаш нервираа. Некогаш ме тераа да искршам се околу мене. Некогаш ме правеа попустлива и нежна. Некогаш ме игнорираа, а сепак тој ме гледаше. Не со очите, со душата. Го мразев и го сакав неговото внимание истовремено. Миксот од чадот на цигарата и неговиот парфем сочинуваше совршена хармонија за моите сетила. Тој беше единствениот кој не ме гледаше како другите. И покрај тоа што знаев да бидам невозможна кучка со примаси на дама, тој ме гледаше и обично и чудно. Со презир и со љубов воедно.Со став. А не се осмелив ни себеси да се запрашам.. Зошто го гледам, кога ни име не му знам?

No comments:
Post a Comment