Го отворив веќе искинатиот дневник од детството. Пожолтеле страниците, се забелeжува дамката на времето. Си велам да испишам уште една страница чиста детска топлина. Токму денес, на овој четиринаести август. Жешкото сонце го пече скопскиот асфалт. Дури и кучињата лаат различно во лето. Во скопското лето. Исто како кога бев малечко девојче. Летото остана исто. Немирно а толку хармонично. Мачнината ја опфаќа утробата на секој жител. И покрај се', задоволна сум поради фактот што уште еден ден дишам во моето родно Скопје. Го живеам педесет и четвртиот ден од летото. Никој не знае како минува летото овде, освен Скопјани. Од Аеродром до Ѓорче, од Водно до Скопска Црна Гора. Каде и да одиш, секогаш се враќаш токму тука. Во центарот на случувањата. Затоа што Скопје не е град, туку начин на живот. Затоа што 54 не е само бројка, тоа е уште една нова приказна.

No comments:
Post a Comment